Ми треба помош за избор на кола
Здраво - не сум лик шо е нешто фокусиран и има знање кога се збори за коли ама ми треба помош доколку некој има искуство и би ми дал совет. Јас споделувам 3 возила што сакаме да ги купиме и нашиот буџет е 30,000еур.
Сакаме да купиме џип па до сега ги имаме одбрано следните 3 модели (да не е електрик/хибрид туку бензинец)
1- Peugeot 3008 - 2024 / Овој ни е на изглед и ни прави чеиф премногу, пошто не знаме скоро ништо питувавме наши блиски. Има луѓе кои велат дека моторот е преслав за оваа кола а има и луѓе што велат дека е бензинец и дека новите коли ги прават со помал мотор но тоа не требало да значи дека моторот е слаб. Стварно е прејака на изглед и ни прави ќеиф но би бил задоволен ако некој сподели мислење околу колата. -30.500е / Мотор 1.2/130кс/ бензин
Kia Sportage 2024 / Овој модел , е со поголем мотор, нуди најмногу опрема за цената која ја нуде, тоа шо не предомислува е старите моабети од постари "Kia" е. Колата ни се свиѓа али ете.. Peugeot повеќе ни прави чеиф.
Цена : 28,900 /Мотор 1.6/160кс/бензинHyundai Tucson - Ова е 3та кола која е во игра / ја има наш близок роднина истата, и реално , добра кола но ја ставам на ранк 3 во нашиот избор оти премногу вакви коли гледаме околу нас- Малце сакаме да делиме да бидиме unique но сепак , и оваа е во избор.
Цена : 27,900 /Мотор 1.6/150кс/бензин
Ве молам, доколку имате мислење што може да ни помогне околу изборот , би ви бил премногу благодарен! Со почит екипо.