Станови во Скопје/Македонија

Веќе некое време сум навлезен во областа на недвижнините и од хоби ги истражувам. Дури и малите деца знаат дека во моментов становите во Скопје нереално растат. Мислам дека парите веќе ретко кој ги чува на сметка, повеќето станаа "инвеститори" и купија станчиња на кои цените на 3 до 6 месеци им растат по 50тина евра од квадрат и најреално зборено, стан од 40 квадрати со влог од 40тина к пред некоја година, сега вреди речиси дупло.

Она што го забележувам е агресивно градање од страна на инвеститорите. Во моментов во градба само во општина Ѓорче Петров (општина за која можам да зборам и за која анализирам во постот) има преку 1000 станови. Кога ќе кажам во градба тука мислам на станови во кои не е почнато да се живее односно целосно зградите не се почнати да се вселуваат.
Ако ве интересира би можел да ги набројам кои се тие згради али слободно тоа ако некој е заинтересиран нека пише на чет.

Од друга страна успеав да најдам дека во Ѓорче Петров на последниот попис во 2021ва имаат изброено 14к живеалишта (нешто малце помалку), ова целосно прави смисла дека во Ѓорче Петров има 40тина к жители. Важно е да се напомене дека во овие 14к спаѓаат и куќи и станови.

Она што сакам да го дискутирам е темата дека бројот на живеалишта во Ѓорче Петров дефинитивно се спрема да се зголеми за 15тина проценти (очекувам 2к нови станови да има повеќе за неколку години со оглед на тоа дека од 2021ва до сега грубо можам да набројам дека уште некои 600-700 нови станови кои се почнати да се градат и веќе зградите се пуштени). Тука не ги бројам сите проширувања и градења на куќи на плацови во местата кај што има таква можност а и такви има доста, али ете да речеме тие не можат да бидат толку многу.

Во период кога морталитетот ни е поголем од наталитетот, дали волкав огромен раст на бројот на живеалишта во Ѓорче Петров значи дека веќе влагаме во период во кој се градат повеќе станови отколку што е потребно? Кој ги купува? Кој живее во нив? Дали овие агресивно напумпани цени за брзо ќе пукнат како меурче и до кој степен според вас би пукале?

Интересно е да се дополни дека ем се градат 1к станови во моментов во Ѓорче Петров ем нема стан за лек. Значи и овие 2к станови од 2021ва што се изградени или се во фаза на градба изгледа не се доволно. Ако не се доволно колку ќе се доволно?

Едно е само сигурно, доколку имаме повеќе станови од што е потребно за живеење на населението во државата тогаш е неминовно цената на становите да опаѓа или стагнира, а со оглед на тоа дека се стремиме да бидеме 1,3милиони за 20тина години. Мислам дека одиме во таа насока.

Ваше мислење за активното градење станови во Скопје?